Select Page

Член 1

За најповолен понудувач за доделување на одобрение за користење на радиофреквенции за обезбедување на јавни мобилни комуникациски мрежи и услуги од третата генерација (3G), се избира:

Т-МОБИЛЕ МАКЕДОНИЈА АД за  мобилни комуникации-Скопје

ул. Орце Николов бб, Скопје 

Член 2

На Т-МОБИЛЕ МАКЕДОНИЈА АД за мобилни комуникации-Скопје од член 1 на оваа одлука, ќе му се додели одобрение за користење на радиофреквенции за обезбедување на јавни мобилни комуникациски мрежи и услуги од третата генерација (3G), според стандардот IMT-2000/UMTS на целата територија на Република Македонија, во следните радиофреквенциски опсези:

2x15 MHz: B1 (1935-1950 MHz) и B1(2125-2140 MHz) UMTS FDD и

5 MHz b(1905-1910 MHz) UMTS TDD 

Одобрението за користење на радиофреквенции од став 1 на овој член  ќе се издаде за време од 10 (десет) години со право на продолжување на важноста на одобрението на начин и постапка утврдена во Законот за електронските комуникации.

Одобрението за користење на радиофреквенции од став 1 на овој член ќе се издаде најдоцна до 22.12.2008 година.

Член 3

Т-МОБИЛЕ МАКЕДОНИЈА АД за мобилни комуникации-Скопје е должен да го плати еднократниот надоместок за добивање на одобрение за користење на радиофреквенции најдоцна до 19.12.2008 година на сметка на Буџетот на Република Македонија и тоа во висина на понудениот износ од 10.000.100,00 евра (десет милиони и сто евра).

Доколку Т-МОБИЛЕ МАКЕДОНИЈА АД за мобилни комуникации-Скопје не го плати еднократниот надоместок во висина, рок и начин како што е утврдено во став 1 на овој член  нема да му се издаде Одобрението за користење на радиофреквенции.

Член 4

Т-МОБИЛЕ МАКЕДОНИЈА АД за мобилни комуникации-Скопје  по добивањето на одобрението за користење на радиофреквенции е должен да постапува во согласност со Законот за електронските комуникации, прописите донесени врз основа на него и прифатените права и обврски од Тендерската документација по Јавниот тендер бр. 02-3268/1  од 15.09.2008 година.

Член 5

Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето.

Член 6

Оваа одлука е конечна.

О  б  р  а  з  л  о  ж  е  н  и  е

Во согласност со Одлуката за давање на согласност на почетниот износ на пазарната вредност на радиофреквенциите како еднократен надоместок за  добивање на три одобренија за користење на радиофреквенции за обезбедување на јавни мобилни комуникациски мрежи и услуги од третата генерација (3G), (˝Службен весник на Република Македонија˝ бр. 110/2008) и Одлуката за распишување на јавен тендер за доделување на одобрение  за користење на радиофреквенции за обезбедување на јавни мобилни комуникациски мрежи и услуги од третата генерација (3G) (˝Службен весник на Република Македонија˝ бр. 116/2008),  Агенцијата за електронски комуникации на ден 15.09.2008 година објави Јавен тендер бр 02-3268/1 (˝Службен весник на Република Македонија˝ бр. 116/2008) за доделување на 3 (три) одобренија  за користење на радиофреквенции за обезбедување на јавни мобилни комуникациски мрежи и услуги од третата генерација (3G). За спроведување на постапката на јавниот тендер со Решение бр. 11-223//2 од 07.11.2008 година беше формирана Комисија за спроведување на постапката на јавен тендер, со задача да ја спроведе постапката на јавно отварање на понудите, да ги разгледа и оцени примените понуди и за истото до Комисијата како орган на Агенцијата за електронски комуникации да достави извештај со ранг листа на понудите според исполнувањето на условите од Тендерската документација.

 

По јавното отворање на понудите кое се изврши на ден 13.11.2008 година и по извршеното разгледување на понудите, Комисијата за спроведување на постапката на јавен тендер, во рокот утврден со Тендерската документација, до Комисијата како орган на Агенцијата за електронски комуникации, достави Извештај бр. 02-3268/4 од 17.11.2008 година од извршеното разгледување и оценување на примените понуди.

Во истиот е наведено дека до крајниот рок за доставување на понудите (13.11.2008 година до 10 00 часот) во Агенцијата за електронски комуникации е пристигната една понуда и тоа:

-Понуда заведена под број 02-3268/2 од 12.11.2008 година

Понудувач е Т-МОБИЛЕ МАКЕДОНИЈА АД за мобилни комуникации-Скопје

ул. Орце Николов бб, Скопје.

 

Во постапката на разгледување на понудата, Комисијата за спроведување на постапката на јавен тендерконстатирала дека сите потребни документи доставени од понудувачот Т-МОБИЛЕ МАКЕДОНИЈА АД за мобилни комуникации-Скопје ги исполнуваат условите утврдени во Тендерската документација.

Понудувачот понуди еднократен надоместок за добивање на одобрение за користење на радиофреквенции во висина од 10.000.100,00 евра.

Понудувачот понуди поединечни цени за Големопродажните услуги и поединечни цени за Услуги за граѓани од референтниот пакет, доставени во пропишаниот Образец Б3 согласно условите утврдени во Тендерската документација и тоа:

2. ГОЛЕМОПРОДАЖНИ УСЛУГИ – (К2)

( референтни пакети )

вкупно поени

54

2.1 Цени за мобилни услуги  – (К21)

мах.поени

18

Услуга

Тарифа

Единица мерка

Цена

говорни повици

нормална

минута

3,60

евтина

минута

3,60

видео повици

нормална

минута

3,60

евтина

минута

3,60

СМС

порака

1,20

ММС

порака

1,20

интернет

MB (мегабајт)

2,00

пристап на мрежа

0,00

Вкупна цена на референтен пакет

18,80

2.2  Цени за фиксни мобилни услуги – (К22)

мах.поени

18

Услуга

Тарифа

Единица мерка

Цена

говорни повици

нормална

минута

2,50

евтина

минута

2,50

видео повици

нормална

минута

2,50

евтина

минута

2,50

СМС

порака

1,20

ММС

порака

1,20

интернет

MB (мегабајт)

2,00

пристап на мрежа

0,00

Вкупна цена на референтен пакет

14,40

2.3 Цени за Интернет – (К23)

мах.поени

18

Услуга

Тарифа

Единица мерка

Цена

интернет

MB (мегабајт)

1,50

пристап на мрежа

0,00

Вкупна цена на референтен пакет

1,50

3.  УСЛУГИ ЗА ГРАЃАНИ – (К3)

( референтни пакети )

вкупно поени

42

3.1 Цени за мобилни услуги  –  (К31)

мах.поени

14 

Услуга

Тарифа

Единица мерка

Цена

говорни повици

нормална

минута

4,00

евтина

минута

4,00

видео повици

нормална

минута

4,00

евтина

минута

4,00

СМС

порака

3,00

ММС

порака

1,50

интернет

MB (мегабајт)

3,00

претплата

0,00

Вкупна цена на референтен пакет

23,50

3.2  Цени за фиксни мобилни услуги  –  (К32)

мах.поени

14 

Услуга

Тарифа

Единица мерка

Цена

говорни повици

нормална

минута

2,80

евтина

минута

2,80

видео повици

нормална

минута

2,80

евтина

минута

2,80

СМС

порака

3,00

ММС

порака

1,50

интернет

MB (мегабајт)

3,00

претплата

0,00

Вкупна цена на референтен пакет

18,70

3.3  Цени за Интернет –  (К33)

мах.поени

14

Услуга

Тарифа

Единица мерка

Цена

интернет

MB (мегабајт)

2,00

претплата

0,00

Вкупна цена на референтен пакет

2,00

Цените се изразуваат во МК денари без вклучен ДДВ (18%).

Повиците во нормална тарифа се однесуваат на повици започнати помеѓу 08:00 и 20:00 часот, од понеделник до сабота. Повиците во ефтина тарифа се однесуваат на повици започнати надвор од периодот во кој се применува нормална тарифа.

Врз основа на сето ова погоре наведено, а имајќи ја предвид и оценката на Комисијата за спроведување на јавниот тендер дека Јавниот тендер е успешен и дека доставената понуда е навремена, правилна и дека во целост ги исполнува условите од јавниот тендер и тендерската документација, како и тоа дека со изборот на понудувачот Т-МОБИЛЕ МАКЕДОНИЈА АД за мобилни комуникации-Скопје  ќе се постигне унапредување и заштита на конкуренцијата на пазарот на електронските комуникации во Република Македонија, Комисијата како орган на Агенцијата за електронски комуникации донесе одлука како во диспозитивот.

ПРАВНА ПОУКА: Против оваа одлука, дозволена е тужба до Управен суд на Република Македонија во рок од 30 дена од денот на приемот на истата.

Бр. 11-227/6

21.11.2008 година                                    Агенција за електронски комуникации

Commission

Софче Јовановска, претседател