Select Page

На состанокот одржан на 05.09.2007 година, Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации донесе одлука за разрешување на директорот Коста Трпковски од функцијата директор на Агенцијата за електронски комуникации, заклучно со 10.09.2007 година, поради повреда на одредбите од Законот за електронски комуникации Службен весник на РМ бр.13/05, 14/07, 55/07 член: 35, 45, 49, 50, 146, како и прописи донесени врз основа на Законот, член 13 од Правилникот за ниво на деталност на информациите што ќе бидат објавени во референтните понуди за интерконекција и начинот на нивното објавување Службен весник на РМ бр. 61/05 и Одлука на Владата за примена на времена стратегија за универзална услуга во Република Македонија од 03.05.2006 година. Согласно Статутот, именуван е нов в.д. директор на Агенцијата, Лилјана Денковска, сегашен раководител на Секторот за правни работи, до изборот на нов директор по пат на јавен конкурс, согласно член 16 од Законот за електронски комуникации. Досегашниот директор, согласно Статутот на Агенцијата за електронски комуникации, ќе биде распределен на друго работно место во Агенцијата согласно неговото образование и професионално искуство. Одлуката на Комисијата е конечна.


Одлука

Additional information:

Датум на донесување на актот: 11/09/2007
Важечки пропис: 1