Select Page

Секторот, согласно Законот за електронски комуникации, ги извршува задачите за кои е надлежна Агенцијата во делот што се однесува на контролата на радиокомуникациите и во делот на надзорот над спроведувањето на Законот и подзаконските акти.


Контролата на радиокомуникациите се врши по пата на прием на емисии на радиостаници (радиомониторинг) од фииксни радиомониторинг станици (Контролно мерни центри – КМЦ) со посада во Скопје, Битола и Штип, далечински управувани радиомониторинг станици без посада и од мобилни радиомониторинг станици. Со цел да се обезбеди рационално и законско користење на радиофреквенцискиот спектар Секторот врши радиомониторинг поради:

  • истражување и решавање на пречки во радиокомуникациите;
  • контрола на техничките и експлотационите услови под кои работат радиостаниците со Одобрение за користење на радиофреквенции;
  • откривање на радиостаници кои работат без Одобрение за користење на радиофреквенции;
  • утврдување на зафатеноста на радиофреквенцискиот спектар со емисии на радиостаници од Р.М и од соседни и други земји;

Инспекцискиот надзор за спроведувањето на Законот и подзаконските акти се врши преку инспектори за електронски комуникации од Контролно мерните центри Скопје, Битола и Штип. Инспекцискиот надзор се врши поради:

  • преземање на мерки за решавање на пречки во радиокомуникациите;
  • прекинување на емисии на радиостаници кои работат без Одобрение за користење на радиофреквенции;
  • проверка на усогласеноста на параметрите на легалните радиостаници со параметрите дадени во Одобрението за користење на радиофреквенции;
  • преземање на мерки кон оператори на јавни комуникациски мрежи и/или даватели на јавни комуникациски услуги  кои работат без нотификација;
  • проверка на нотифицирани оператори на јавни комуникациски мрежи и/или даватели на јавни комуникациски услуги во однос условите од нотификацијата ;
  • решавање на приговори од корисници на електронски комуникациски услуги;

Во случај на утврдена неправилност при вршење на инспекцискиот надзор, инспекторите за електронски комуникации постапуваат во согласност со овластувањата кои им се дадени во Законот.

Контакт со Секторот за контрола и мониторинг на радиофреквенции

  • Петар Иваноски
    Раководител на Сектор за контрола и мониторинг на радиофреквенции
    petar.ivanoski@aec.mk
    тел. 047 207063, моб. 075 38 38 09

{faq}КМЦ Скопје Битола Штип{/faq}