Директорот на Агенцијата за електронски комуникации Г-дин Сашо Димитријоски, во периодот од 19 до 24 јануари ќе учествува на студиско патување во Соединетите Американски Држави, кое патување е организирано од страна на БЕРЕК, каде што е заменик претседател.
Секоја година, БЕРЕК организира студиско патување во земја што не е членка на ЕУ за да се добие увид во националните пазари за електронски комуникации и дигиталниот екосистем во посетената земја. Делегацијата на БЕРЕК одржува технички разговори со претставници од регулаторните агенции, релевантните министерства, како и со телекомуникациските оператори и други засегнати страни во индустријата.
Годинава, во периодот од 19 до 24 јануари, Претседателот на БЕРЕК за 2020 г. Г-дин Dan Sjöblom (PTS), и заменик претседателите Г-дин Jeremy Godfrey (ComReg), Г-дин Michel van Bellinghen (BIPT), Г-ѓа Monika Karas (NMHH), Г-дин Tonko Obuljen (HAKOM) и Г-дин Сашо Димитриоски придружувани од Г-дин Tom Boyce (ComReg), Г-дин Ola Bergstrom (PTS) и Г-ѓа Anna Maria Toth (NMHH) ќе го посетат западниот брег на Соединетите Американски Држави.
Делегацијата е предвидено да се сретне со производители на опрема, даватели на услуги, организации и истражувачки центри кои влијаат не само на секторот за електронски комуникации, туку и во поширокиот дигитален екосистем. Поточно, делегацијата ќе се сретне со претставници од Apple, Cisco, Qualcomm, Google, Microsoft, Facebook, AT&T, SpaceX, ICANN и универзитетот Стенфорд.