Директорот на АЕК денес го водеше состанокот со претставниците на регулаторните тела без право на глас кои што учестуваат во работата на IRG/BEREC, кој што се одржа во Белград во рамките на првото Генерално Собрание на Групата на Независни Регулатори (IRG – Indepndent Regulatory Group) за 2020 и 42-иот Пленарен Состанок на Телото на Европски Регулатори за Електронски Комуникации (BEREC – Body of European Regulators for Electronic Communications). На овој состанок директорот ги информираше останатите членови за работата и активностите на Управниот одбор на BEREC\IRG во кој што членува. На состанокот беа споделени искуствата и беа разгледани ефектите од регулацијата на роаминг услугите во земјите на Западен Балкан, а исто така беа дискутирани перспективите за намалување на цените на роаминг услугите не само во земјите на Западен Балкан туку и помеѓу нив и ЕУ\EEA. Состанокот заврши со дискусија за стратегијата за развој на IRG во следната декада, како и распоредот на IRG работилниците и нивни теми за 2020. На состанокот присуствуваа и претставници од следните замји: Турција, Црна Гора, Лихтенштајн, Србија, Исланд, Албанија, Норвешка, како и Генералниот Секретар на канцеларијата на IRG во Брисел.