Aгенцијата за електронски комуникации ги поканува претставниците на сите заинтересирани страни да ги презентираат своите гледишта и ставови по „Правилник за методологијата за пресметување на годишниот надоместок за надзор на пазарот за електронски комуникации“ и „Упатство за формата, содржината и начинот на доставување на Извештај за вкупен годишен приход на оператор или давател на услуга остварен со употреба на јавни комуникациски мрежи и давање на јавни комуникациски услуги“, објавени на веб страната на АЕК, на состанок кој ќе се одржи на ден 01.03.2011 година (вторник ) со почеток во 10 часот во просториите на Стопанска Комора- сала бр.3, 3-ти кат.
Состанок по јавна расправа по Правилник за надзор на пазар, Упатство и Извештај за вкупен годишен приход
HOME » Јавна расправа » Состанок по јавна расправа по Правилник за надзор на пазар, Упатство и Извештај за вкупен годишен приход
25/02/2011