Агенцијата за електронски комуникации согласно Годишната програма за работа за 2014 година отпочна со анализа на релевантниот големопродажен пазар 11 дефиниран согласно Одлуката за утврдување на релевантните пазари што се подложни на претходна регулација број 02-5015/1 од 23.09.2010 година и Одлуката за дополнување на Одлуката од 3 Март 2011 годинa и тоа:
Пазар 11 – Пристап до јавни мобилни комуникациски мрежи и услуги за започнување на повик во јавни мобилни комуникациски мрежи.