Кога вложуваме посветеност, иновативност и напорна работа – резултатите не изостануваат. Голема чест е што Меѓународната регулаторна конференција 2024 , организирана од Агенцијата за електронски комуникации во Охрид во Мај 2024 година, го доби признанието на БЕАМ фестивалот во категоријата Најдобар настан на државна институција!
Огромна благодарност до сите кои беа дел од овој успешен проект и до IdeaPlus360Communications за беспрекорната организација!
Ова признание е поттик да продолжиме да работиме посветено и иновативно и во иднина.

