Претставници од Агенцијата за електронски комуникации учествуваа на Светската конференција за радиокомуникации (World Radiocommunications Conference – WRC19), што се одржа во Египет во организација на Меѓународната унија за телекомуникации (International Telecommunicatons Union). На конференцијата се донесени одлуки за измена на Правилникот за радиокомуникации (Radio Regulations), коишто измени Агенцијата планира да ги имплементира во „Планот за намена на радиофреквенциските опсези во Република Македонија“ во текот на 2020 година. Една од поважните одлуки на конференцијата е глобална ИМТ идентификација и услови за користење на радиофреквенциските опсези 24.25-27.5 GHz, 37-43.5 и 66–71 GHz