Агенцијата за електронски комуникации на 30.05.2019 година објави Јавен тендер бр. 0201-255/16 (“Службен весник на Република Северна Македонија” 110/2019) за доделување на одобрение за користење на радиофреквенции од радиофреквенцискиот опсег 1965-1980/2155-2170 MHz за обезбедување на јавни мобилни/фиксни комуникациски мрежи (MFCN), вклучувајќи и IМТ системи на целата територија на Република Северна Македонија. До 11.07.2019 година (рокот определен за доставување на понуди во одлуката за спроведување на Јавен тендер број 0201-255/16 од 30.05.2019 година) не е примена ниту една понуда. Поради тоа што не е исполнет законскиот услов од член 138 став 6 од Законот за електронски комуникации (“Службен весник на Република Македонија” бр. 39/14, 188/14, 44/15, 193/15, 11/18, 21/18 и 98/19) според кој Јавниот тендер е успешен доколку е примена најмалку една навремена и правилна понуда што ги исполнува тендерските услови, Агенцијата ги известува сите заинтересирани страни дека тендерот не е успешен.