Select Page

Радиодифузна служба е радиокомуникациска служба со која се пренесуваат програмски содржини до крајни корисници, односно за општ јавен прием. Радиодифузната служба е еднонасочна комуникациска служба.
Според законските одредби, радиофреквенции од опсезите наменти за радиодифузна служба можат да се доделуваат на јавниот радиодифузен сервис за пренос на програмите на јавниот сервис, на трговски радиодифузни друштва и на непрофитни установи.
Одобрение за користење на радиофреквенции од радиофреквенциските опсези наменети за радиодифузна служба се доделуваат на барање на корисниците врз основа на Одлука на Советот за радиодифузија за доделување на дозвола за вршење на радиодифузна дејност. 
Барањето за издавање на одобрение за користење на радиофреквенции во радиодифузна служба се поднесува до Агенцијата во пишана форма согласно Правилник за формата и содржината на барањето за издавање на одобрение за користење на рф.

            
За издавање на одобрение за користење на радиофреквенции за радиодифузна служба, се доставуваат следните документи:

  • Одлука на Советот за радиодифузија за доделување на дозвола за емитување (за трговските друштва и непрофитните установи);
  • Пополнет образец
  • Аналогна:
    • Барање за издавање на одобрение за користење на радиофреквенции во радиодифузна служба – АНАЛОГНА  според упатството за пополнување Анекс 3 – АНАЛОГНА – Упатство за барањето за радиодифузна служба;
  • Дигитална:
    • Барање за издавање на одобрение за користење на радиофреквенции во радиодифузна служба – ДИГИТАЛНА според упатството за пополнување Анекс 3 – ДИГИТАЛНА – Упатство за барањето за радиодифузна служба;
  • техничко решение согласно член 3 од Правилникот
  • доказ за извршена уплата на административна такса (копија од уплатница) согласно Упатство за уплата на административни такси(87.14 kB);
  • Извод од Централен регистар.

Доколку за вршење на радиодифузната дејност се користи и радиофреквенција за фиксна служба за пренос на модулацијата од студиото до предавателната локација, барањата за издавање на одобрение за користење на радиофреквнеции за фиксна служба се доставува според условите за фиксна служба.
За користење на радиофреквенции за радиодифузна служба се плаќа годишен надоместок според Правилник за начинот на пресметка на годишниот надоместок за користење на радиофреквенции(145.52 kB).