- Основна задача на Службата за меѓународна соработка е Координација на работењето на активностите на АЕК со меѓународната регулатива, меѓународните организации, институции и тела и зголемување на реномето на АЕК на меѓународно ниво.
- Тимот во Службата за меѓународна соработка ја следи меѓународната регулатива и релациите и соработката со меѓународните организации, институции и тела,одржува контакти и размена на искуства со регулаторните тела на други земји, меѓународни организации и институции; ја координира организацијата на меѓународни настани (работилници, семинари, конференции во РМ);
- ги координира активностите кои се однесуваат на членство во меѓународни тела и институции;
- Организира развојни активности заради хармонизација на областа на електронските комуникации во РМ со директивите, регулативите и стандардите на Европската унија;
- Врши подготовка и реализација на посети на странски делегации; Ги координира активностите поврзани со презентирањето на годишните извештаи и јавно достапните документи кои се однесуваат на меѓународни активности;
- Дава совети и насоки за примена на меѓународните прописи од областа на електронските комуникации и дава иницијатива за примена или промена на постоечката регулатива заради имплементација на меѓународната регулатива;
- Подготвува компаративни студии за соодветна примена на постапки и регулатива од други земји;
- Врши стручна обработка на прашањата кои се од значење за примената на меѓународните прописи;
- Изготвува анализи, информации и други материјали; Ги следи новините во областа на електронските комуникации на меѓународно ниво;
- Организира меѓународни настани (работилници, семинари, конференции во Република Македонија); Се грижи за целокупната документација на АЕК, вклучително и базата на податоци која се однесува на меѓународните односи;
- Обезбедува информации за вработените во АЕК за меѓународните настани и новини од областа на електронските комуникации;
- Ја организира претплатата на списанија и набавки за библиотеката на АЕК, имајќи ги предвид потребите на организационите единици на АЕК;
- Ја подготвува и ажурира базата на податоци за меѓународните активности на АЕК;
- Ја обработува и дистрибуира електронската пошта на организационите единици на АЕК и доколку треба испраќа одговори до заинтересираните организации и лица;
Контакт со Службата за меѓународна соработка
Драгица Лепавцова |
Ваљбона Хоџа Османи
Советник за меѓународна соработка
valbona.h.osmani@aec.mk