Select Page

Од страна на Агенцијата за електронски комуникации беше подготвена “НАМЕРА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКА НА ЈАВЕН ТЕНДЕР ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ДАВАТЕЛ НА УНИВЕРЗАЛНА УСЛУГА” која со допис со број 0201-2135/3 од 20.06.2016 година беше пратена на мислење до Министерството за информатичко општество и администрација. По добивање на мислењето од страна на Министерството за информатичко општество и администрација, Агенцијата за електронски комуникации на 13.07.2016 година ја објави Намерата за спроведување на постапка на јавен тендер за определување на давател на универзална услуга во три дневни весника од кои еден дневен весник е на јазикот на заедницата која не е во мнозинство, а го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните во Република Македонија и на веб страната на Агенцијата за електронски комуникации, со цел да овозможи јавна расправа со сите заинтересирани страни. Јавната расправа траеше 30 дена од денот на објавата на намерата на веб страната на Агенцијата за електронски комуникации.

Забелешките, мислењата и предлозите по објавената намера, заинтересираните страни можеа да ги достават писмено до Агенцијата за електронски комуникации со адреса на кеј “Димитар Влахов” бр. 21 во Скопје или на следната e-mail адреса на Агенцијата.

По завршување на рокот од 30 дена до 12.08.2016 година до Агенцијата пристигнаа коментари од три правни лица: Македонски Телеком АД Скопје, Асоцијација на кабелски оператори АКО – стопанска интересна заедница Скопје и оне.ВИП ДОО Скопје. Агенцијата детално направи анализа на пристигнатите коментари и забелешки и одржа јавен состанок на 24.08.2016 година, од 11:00 до 16:20 часот на кој присуствуваа претставници од АЕК, претставници од МИОА, претставници од Македонски Телеком АД Скопје, претставници од оне.ВИП ДОО Скопје, претставници од Асоцијација на кабелски оператори АКО – стопанска интересна заедница Скопје и претставници на Р3 Инфомедиа ДОО Скопје. На состанокот беше утврдено дека заинтересираните страни имаат потреба да достават дополнително свои забелешки и коментари за што претставниците од АЕК се согласија и во корист на квалитетот и транспарентноста на целиот процес се одобри дополнителен рок за доставување на дополнителни забелешки и коментари до 29.08.2016 година. По овој рок свои забелешки и коментари дополнително дадоа четири правни лица: Р3 Инфомедиа ДОО Скопје, Македонски Телеком АД Скопје, оне.ВИП ДОО Скопје и Асоцијација на кабелски оператори АКО – стопанска интересна заедница Скопје. Сите забелешки и коментари беа анализирани и за секој од нив работната група подготви соодветни одговори и ставови по однос на истите.

Во согласност со став (7) од членот 97 од Законот за електронските комуникации („Службен весник на РМ“, број 39/2014, 188/2014, 44/2015 и 193/2015) овие коментари и ставовите на Агенцијата по однос на истите се објавуваат на веб страната на Агенцијата.

Врз основа на прифатените забелешки и коментари Агенцијата подготви пречистен текст на “Намера за спроведување на постапка на јавен тендер за определување на давател на универзална услуга”, која исто така се објавува на веб страната на Агенцијата.

Намера за спроведување на постапка на јавен тендер за определување на давател на универзална услуга


Македонски Телеком
Македонски Телеком дополнителни коментари
Оне.Вип
Оне.Вип дополнителни коментари
Асоцијација на оператори
Р3 Инфомедиа
Намера
Асоцијација на оператори дополнителни коментари

Additional information:

Start of the public debate: 20/09/2016
End of the public debate: 20/09/2016
Address for submitting comments and opinions: Агенција за електронски комуникации Кеј Димитар Влахов бр. 21 1000 Скопје или во електронски облик на следниве адреси за електронска пошта: contact@aec.mk