Почитувани,
Со оваа покана ги повикуваме сите заинтересирани страни да во рок од 30 дена од денот на објавување на „Референтен документ за моделот Изнајмени линии, изнајмување на кабелски канали и dark fibre“ ги достават своите гледишта и ставови по предложениот
предмет на јавната расправа. Имено, на состанокот одржан на ден 22.11.2011 година Агенцијата за електронски комуникации ги информираше заинтересираните страни дека отпочнува со процесот на надградба на BU LRIC модел за фиксни мрежи заради пресметување на цените на терминирани и преносни сегменти на изнајмени линии за различни растојанија на колото на изнајмени линии, цени за под-канали и цени за неискористен дел на оптика. Надградбата се развиваше во соработка со Дилоит-Хрватска врз основа на договор за консултантски услуги.
Се повикуваат сите заинтересирани субјекти да ги достават своите мислења и забелешки во јавната расправа што ќе биде отворена до 22.08.2012 на следната адреса:
Агенција за електронски комуникации
ул. Димитрие Чуповски бр. 13
1000 Скопје
Референтен документ за моделот Изнајмени линии, изнајмување на кабелски канали и dark fibre
Model Reference Paper Wholesale Leased Lines Duct Rental and Dark Fibre
Additional information:
Start of the public debate: 23/07/2012
End of the public debate: 22/08/2012
Address for submitting comments and opinions: Агенција за електронски комуникации Кеј Димитар Влахов бр. 21 1000 Скопје или во електронски облик на следниве адреси за електронска пошта: contact@aec.mk
Поврзани вести:
More posts: BU LRIC изнајмени линии