Директорот на АЕК г-дин.Јетон Акику, беше во службена посета во Република Албанија за потпишување на “Заедничка декларација“ за објавувањето на фреквенцискиот опсег од 700 MHz од страна на со Регулаторното тело за Аудиовизиелни медиумски улсуги од Република Албанија. Ослободување на фреквенцискиот опсег од 700 MHz (познат како DD2), од страна на Агенцијата за аудиовизуелни и медиумски услуги (AMA) е една од обврските што Република Албанија мора да ги исполни за исполнување на роковите поставени од ЕУ и Меѓународната телекомуникациска унија (ITU). Поради важноста на овој процес, како и роковите за негова имплементација, АМА презеде напорна и многу интензивна координативна агенда со соседните земји со цел навремено запазување на роковите. На работната средба за Директива за аудиовизуелни медиумски услуги (AVMSD) на ЕУ и ослободување на фреквенцискиот опсег од 700 MHz, беше потпишана Билатерална декларација за договор, по што ќе следат соодветните договори за ослободување на фреквенцискиот опсег и финализирање на овој процес во предвидените рокови, утврдени согласно меѓународните акти. Со потпишување на институционалната „Заедничка декларација“ за ослободување на фреквенцискиот опсег од 700 MHz, страните потписнички го потврдуваат постигнувањето на координативен фреквенциски план помеѓу соодветните администрации за координација на терестријалните дигитални фреквенции, во опсегот 470-694 MHz. Претседателката на Управата за медиуми, г-ѓа Армела Красниќи, им се заблагодари на сите земји за нивната посветеност во овој многу тежок процес од гледна точка на техничка координација. Од страна на Црна Гора потпишан е г-дин Дарко Дргуровиќ, извршен директор на Агенцијата за електронски комуникации и поштенски услуги (Тим), додека за Северна Македонија, г. Јетон Акику, директор на Агенцијата за електронски комуникации. Другите соседни земји, како Италија и Грција, исто така изразија начелна согласност со новиот План за намена на фреквенциски опсег на Албанија. Во меѓувреме, г-ѓа Красниќи, претседател на Управата за аудиовизуелни медиуми и г-дин Џеват Латифи, претседател на независната комисија за медиуми во Косово, потпишаа заедничка изјава за меѓуинституционална соработка во која се начелата на оваа соработка. Сите учесници се договорија периодично да одржуваат регионални состаноци и со цел соработката да биде ефективна, техничкиот персонал договори воспоставување директни мостови на комуникација и соработка.