Select Page

Агенцијата може да отповика одобрение за користење на радиофреквенции по барање на имателот на одобрението за користење на радиофреквенции или по службена должност. Одобренијата за користење на радиофреквенции по сила на закон престануваат да важат по истекот на временскиот рок за кој истите биле издадени, доколку имателот на одобрението престанал да постои, доколку имателот на одобрението е во постапка на стечај или ликвидација, доколку на имателот на одобрението му е изречена мерка на безбедност -забрана за вршење на дејност или со престанок на важење на дозволата за телевизиско или радио емитување по сила на закон. Решението со кое е отповикано одобрението за користење на радиофреквенции и Решението со кое се утврдува престанок на важење на одобрението за користење на радиофреквенции по сила на закон, Агенцијата ги објавува на својата веб страница.

Решенија за престанок на важност и отповикување на одобрение за користење на радиофреквенции