Select Page

Агенцијата за електронски комуникации   се грижи за заштитата на личните податоци кои се во нејзина надлежност во согласност со Законот за заштита на личните податоци и  регулативата издадена од Агенцијата за заштита на лични податоци. За таа цел АЕК донесува подзаконски акти кои конкретно се имплементираат на заштитата, обезбедување на тајност и чување на безбедноста на личните податоци кои се во надлежност на Агенцијата за електронски комуникации согласно одредбите од Законот за електронски комуникации и сродната регулатива.
Во Политиката за заштита на личните податоци на АЕК се содржани принципите и насоките на остварување на доверливоста, интегритетот и достапноста на личните податоци. Преку воспоставените технички и организациски мерки  е обезбедена тајноста , заштитата и безбедноста на личните податоци која се базира на методологијата на воспоставени процеси на проценка на влијанието на заштитата на личните податоци. За остварување на овие обврски АЕК  има воспоставено систем на следење на ризиците и има воспоставено соодветни , правила, процедури и упатства со цел зголемување на нивото на сигурност и намалување на заканите по интегритетот , доверливоста и достапноста на личните податоци кои се во нејзина надлежност.
АЕК има назначено Офицер за заштита на лични податоци и заменици офицери за заштита на личните податоци  кои ги имаат следните надлежности:

  • учествува во донесувањето на одлуки поврзани со обработката на личните податоци, како и со остварувањето на правата на субјектите на личните податоци,
  • ја следи усогласеноста со законот и прописите донесени врз основа на законот, што се однесуваат на обработката на личните податоци, како и со внатрешните прописи за заштита на личните податоци и со документацијата за техничките и организационите мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци,
  • ги изработува внатрешните прописи за заштита на личните податоци и потребната документација за организационите и техничките мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци,
  • ја координира контролата на постапките и упатствата утврдени со внатрешните прописи кои се однесуваат на личните податоци,
  • предлага обука на вработените во врска со заштитата на личните податоци
  • ја координира контролата на постапките и упатствата утврдени во внатрешните прописи за заштита на личните податоци и во документацијата за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци,
  • Офицерот донесува Годишна програма за работа на ОЗЛП и неговите заменици,
  • поднесува до Директорот Годишен извештај за превземените активности ,
  • учествува на состаноци, колегиуми, средби и комуникација каде што предмет на обработка или дискусија се личните податоци,
  • учествува и членува во домашни и меѓународни здруженија и организации од областа на заштитата на личните податоци ,
  • предлага учество на обуки за офицерот и замениците на офицерот за заштита на личните податоци .

Офицер за заштита на личните податоци:

Елизабета Двојакова
e-mail: elizabeta.dvojakova@aec.mk
тел. +38923289203
моб. +38970222904
Agjencia e Komunikimeve Elektronike
Aдреса: Кеј Димитар Влахов бр. 21, 1000 Скопје

Заменици офицери за заштита на лични податоци:

Златко Караѓозов
e-mail: zlatko.karagjozov@aec.mk
тел. +38970228743
Agjencia e Komunikimeve Elektronike
Контролномерен центар Штип
Aдреса: ул. Брегалнична ББ, 2000 Штип

Билјана Илиоска
e-mail: biljana.ilioska@aec.mk
тел: +38978235836
Agjencia e Komunikimeve Elektronike
Контролномерен центар Битола
Aдреса: ул. Даме Груев ББ, 7000 Битола

Саша Цветковиќ
e-mail: sasa.cvetkovic@aec.mk
Agjencia e Komunikimeve Elektronike
Контролномерен центар Зајчев рид – Скопје
Адреса: ул. Скупи ББ, 1000     Скопје