Скопје, 21.08.2014. Започнувајќи од денес, во организација на Агенцијата за електронски комуникации, во текот на наредните два дена ќе биде одржан регионален состанок на регулаторите за електронски комуникации на државите од регионот.
На регионалниот состанок на Националните регулатори за електронски комуникации, кој по втор пат се одржува во Скопје ќе бидат дискутирани поголем број на теми кои се од интерес за електронските комуникации во земјите од регионот. На состанокот ќе присуствува највисокото раководство на регулаторните тела од Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Бугарија, Албанија и Турција.
Помеѓу останатите теми од индустријата за електронски комуникации, значајна дискусија ќе се води за можноста на воспоставување на регионален договор за намалување на цените за услугите за роаминг кои ги нудат комерцијалните оператори од земјите кои присуствуваат на состанокот.
21.08.2014
Во склоп на регионалниот состанок, беше потпишан и Технички договор за прекугранично усогласување на фреквенциите помегу
Агенцијата за електронски комуникации на Република Македонија (АЕК) и Управата за електронски и поштенски комуникации во Албанија (АКЕП)
за планирање и координација на фреквенциите во пограницните области за GSM / UMTS / LTE технологии за фреквенциските опсези
880-915/925-960 MHz, 1710-1785/1805-1880 MHz, 1900-1980 MHz, 2010-2025 MHz и 2110-2170 MHz.