Директорот на Агенцијата за електронски комуникации на Република Македонија Петар Иваноски на ден 21.01.2010 година во Приштина, Република Косово, потпиша Меморандум за соработка со Регулаторната Агенција за телекомуникации од Република Косово, претставувано од Директорот Екрем Хоџа, со кој двете регулаторни тела ја потврдија и дефинираа својата соработка на полето на регулирање на електронските комуникации при што се согласија да размениваат меѓусебно информации и искуства за развојот и стратегиите за електронските комуникации во нивните земји, размена на податоци од јавен карактер за нивните активности и националните пазари од оваа област преку делегации на ниво на експерти за одделни прашања кои ќе произлезат од состојбите на одреден пазар . Претставници од Агенцијата за електронски комуникации присуствуваа на закажаниот состанок во Приштина, во гостопримство на Регулаторната Агенција за телекомуникации каде што беа разгледувани и технички прашања од областа на Мониторингот и Регулирање на спектарот на радиофреквенции. Со овој состанок двете регулаторни тела и почнаа да ја остваруваат целта на Меморандумот за соработка.