Агенцијата за електронски комуникации на Република Македонија во насока на продлабочување на меѓународната соработка и размена на искуства со регулаторните органи во другите држави, организира работилница со Хрватската Агенција за пошти и електронски комуникации (HAKOM). Настанот беше одржан од 13-15 октомври 2010 год, во Охрид. На работилницата беа дискутирани неколку теми од интерес за двете регулаторни Агенции.Претставници на АЕК извршија презентација за процесот на избор на консултант и развојот на BU LRIC модел (во фиксна и мобилна мрежа). Од страна на Хрватскиот регулатор беше извршена презентација на нивните практични искуства во употребата на “Price Squeeze” тестот за контрола на цените.И двете теми се од особено значење за регулаторните тела како и имплементирање на актуелните форми на регулација и контрола на пазарите за електронски комуникации.