Агенцијата за електронски комуникации, врз основа на измените на Законот за електронски комуникации ( Сл. Весник бр.59 од 11.05.2012 година), отвара јавна расправа по “План за доделување и користење на радиофреквенции во Република Македонија“
Се повикуваат сите заинтересирани субјекти да ги достават своите мислења и забелешки во јавната расправа што ќе биде отворена 30 дена, односно најдоцна до 25.06.2012 на следната адреса: Агенција за електронски комуникации ул. Димитрие Чуповски бр. 13 1000 Скопје или на следнава емаил адреса: jane.jakimovski@aec.mk