Select Page

Воздухопловна мобилна служба е мобилна радиокомуникациска служба помеѓу воздухопловни и авионски станици или помеѓу авионски станици во која можат да учествуваат и станици на објекти за спасување.
Поморска мобилна служба е мобилна радиокомуникациска служба помеѓу крајбрежни и бродски станици, или помеѓу бродски станици, или помеѓу станици за комуникација на брод.
Барањето за издавање на одобрение за користење на радиофреквенции во воздухопловна мобилна служба / пловни објекти за внатрешна пловидба се поднесува до Агенцијата во пишана форма согласно Правилник за формата и содржината на барањето за издавање на одобрение за користење на рф.


При поднесување на барањето за издавање на одобрение за користење на радиофреквенции се поднесува:

  • пополнет образец за Барање , согласно упатството
    • воздухопловна мобилна служба за станица во воздухоплов
    • воздухопловна мобилна служба за радиостаница на земја
    • воздухопловна радионавигациска служба
    • мобилна служба за станица на пловен објект во внатрешна пловидба
  • доказ за извршена уплата на административна такса (копија од уплатница) согласно Упатство за уплата на административни такси и
  • копија од решение од централен регистер на РМ

За користење на радиофреквенции за воздухопловна мобилна служба / пловни објекти за внатрешна пловидба се плаќа годишен надоместок според Rregullore për ndërveprueshmërinë e shërbimeve televizive interaktive dixhitale.