Select Page

На 01.06.2015 година се одржа завршниот настан  за реализација на ИПА проектот „Зајакнување на административните капацитети во областа на телекомуникациите и медиумите за ефикасно регулирање на новите дигитални услуги“ кои АЕК заедно со Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го антиципираше во периодот од 02.09.2013 година до 01.06.2015 година.  Проектот е финансиран од Европската Унија во висина од 900.000 евра од кои 10%  се на база на кофинансирање и беа спроведени вкупно 16 активности .
На настанот учествуваа: Заменик Министер за Информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска, Претставник на Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија Мартин Клаук, Директорот на Агенцијата за електронски комуникации Роберт Орданоски , Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги д-р Зоран Трајчевски и Директорот за имплементација од Европската Консалтинг Група Војислав Милошевиќ  кои секој од свој аспект ги презентираа придобивките и анализираа активностите кои беа реализирани за 21 месечниот период на спроведување на проектот.

{gallery}ipa20150601{/gallery}