Имајќи ја во предвид препораката од деветнаесеттата седница на Владата, одржана на 14 март 2020 година, во периодот што претстои додека се во сила владините препораки најголем дел од своите работни задачи вработените во Агенцијата за електронски комуникации ќе ги извршуваат со работа од дома. Ова се однесува на сите активности и работи за кои што не е неопходно физичко присуство на вработените во просториите на Агенцијата. При тоа вработените ќе ги користат сите расположливи технички алатки со цел да се избегне непосреден контакт на вработените како што се: виртуелни конекции за пристап до податоците и системите, видео конференции, комуникација преку интернет алатки и електронска пошта.
Сите активности кои што се поврзани со пристап до системи за кои што нема можност да се пристапи од дома, активности кои што се поврзани со стручни надзори во однос на работата на операторите и исполнување на законските обврски, теренски излегувања и отстранувања на пречки во радиофрекфенцискиот спектар и слично вработените редовно ќе постапуваат согласно воспоставениот начин и метод на работа.
Во периодот што претстои Агенцијата ги охрабрува сите граѓани и соработници во најголема мера да ги користат алтернативните методи на комуникација како што се:
- пристап до информации преку контакт центарот на Агенцијата достапен на бројот 190,
- доставување на барања и дописи преку електронска пошта contact@aec.mk,
- комуникација со вработените преку електронска пошта или преку телефон. Контактите на вработените вклучително електронската пошта, мобилен и фиксен телефонски број се достапни на веб страната на Агенцијата www.aec.mk
Во ситуации кога ќе треба да се обратите на писмено ве молиме оставете го дописот на рецепцијата на Агенцијата и стручните служби ќе постапат по истиот.
При ваквиот начин на алтернативна работа настојуваме во целост да ги испочитуваме законските рокови и обврски за квалитетот и достапноста на електронските комуникациски услуги како и законските надлежности што ги има Агенцијата, а во исто време да бидеме во насока со препораките на Владата и да го сведеме на минимум ризикот од ширењето на Корона вирусот COVID-19.
Ваквата начин на работа ќе биде координиран од кризниот штаб во Агенцијата, кој што денес го одржа првиот состанок. Кризниот штаб редовно ќе состанува со цел да се согледаат ефектите и евентуалните проблеми од ваквиот начин на работа.