Во услови кога пандемијата предизвикана од ширењето на новиот корона вирус не знае за граници и во голем степен ја зафаќа и нашата земја треба заедно да се справиме со предизвиците кои што стојат пред нас.
Мерките за ограничувањето на физичката комуникација придонесоа голем дел од корисниците на интернет услгуите да бидат дома, а со тоа се зголеми и побарувачка и искористеноста на интернет пристапот. Поголем дел од обезбедувачите на сервисите кои што произведуваат услуги кои што побаруваат поголем проток, (како youtube и netflix) веќе доброволно го намалија квалитетот на нивниот сервис преку намалување на резулуцијата на медиумските услуги во земјите на Европска Унија, но истото досега не го практикуваат во останатите земји на Западен Балкан вклучително и кај нас. Во комуникација со операторите добивме известување дека новонастанатата ситуација допринесува до значителен пораст во искористеноста на мрежните ресурси како во фиксната така и во мобилната електронска комуникациска мрежа. Поради тоа апелираме до вас рационално да го користите интернетот со цел апликациите за работа и учење од дома како што се видео конференции, далечен пристап, виртуелни конекции за пристап до апликациите од работа и слично да може да имаат поголем дел од останатите интернет апликации во заедничкото користење на мрежните ресурси на операторите. Користење на сетинзи што ја намалуваат потрошувачката на интернетот како што е гледање на аудиовизуелни содржини во стандардна резолуција (Standart Definition) наместо во висока резолуција (HD – High Definition) може за неколку пати да ја намалат искористеноста на мрежните ресурси од страна на ваквите апликации.
Во исто време, Агенцијата прави напори праксата на големите обезбедувачи на интернет услугите кои што веќе ја применуваат во земјите на Европска Унија да ја применуваат и кај нас. Директорот на Агенцијата го адресираше овој проблем на состанок на Управниот Одбор на BEREC кој што на 26.03.2020 година се одржа преку видео конференција.
Сакаме да ве известиме дека Агенцијата во целост ги разбира предизвиците со кои што се соочуваат операторите и да предупредиме дека операторите кои ја обезбедуваат услугата пристап до интернет може да користат мерки за обликување на интернет сообраќај заради надминување на вакви проблеми. Операторите можат да блокираат, да ја намалат брзината на проток, да ја изменат, деградираат или дискриминираат некоја содржина, апликација или услуга во случаеви заради заштита од оптоварување или преоптоварување на мрежната поврзаност или заради ублажување на последиците од оптоварувањето или преоптоварувањето на мрежната поврзаност. Ваквите мерки за обликување на интернет сообраќајот треба да се исклучок и треба да се транспарентни, недискриминаторски и пропорционални со намерата заради која постојат.
Во исто време во комуникација со операторите ги известивме дека особено би ги поздравиле нивните мерки кои би оделе во насока на намалување на можноста за ширење на вирусот преку избегнување на правење гужви во нивните продажни салони, како што би биле:
- пролонгирање на доспеаноста на издадените фактури,
- воздржаност од исклучување на електронските комуникациски услуги во случај на неплатени обврски и побарувања кон претплатниците,
- транспарентно известување на нивните претплатници за ваквите мерки со цел да се избегнат гужви во продажните салони.
Сметаме дека со заемно одговорно однесување на сите чинители на пазарот за електронски комуникации можеме побрзо и полесно да ја пребродиме оваа ситуација.
Agjencia e Komunikimeve Elektronike