Select Page

Во согласност Законот за електронските комуникации, покрај другите Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) има надлежност и да ги контролира и мери параметрите за квалитет на јавните електронски комуникациски услуги. АЕК може со подзаконски акт да ги определи параметрите за квалитет на услугите кои треба да се мерат, вклучувајќи и можни начини за сертификација на квалитетот, како и содржината, формата и начинот на објавување на информациите со цел да им се обезбеди на крајните корисници, вклучително и лицата со инвалидитет пристап до сеопфатни, споредливи, сигурни и едноставно применливи информации.

Имајќи ги во предвид обврските кои што ги има АЕК, Директорот на АЕК на 12/02/2019 донесе Правилник за параметрите за квалитет на јавните електронски комуникациски услуги кои се остваруваат преку јавна радиокомуникациска мрежа. Со овој Правилник се пропишуваат параметрите за квалитет на јавните електронски комуникациски услуги, начинот и постапката за вршење на контрола и мерење, содржината, формата и начинот на објавување на информации во врска со квалитетот на јавните електронски комуникациски услуги кои се остваруваат преку јавна радиокомуникациска мрежа од страна на АЕК.

АЕК со Правилникот ги задолжи операторите да обезбедат определен минимален квалитет на услугите кои ги обезбедуваат преку радиокомуникациски мрежи. Ваквиот потег ги поттикна операторите да ги развиваат и модернизираат сопствените мрежи како би го постигнале соодветниот квалитет на услугите кои ги добиваат крајните корисници. За да се провери работата на операторите АЕК котинуиранo спроведува мерења на квалитетот на услугите кои ги обезбедуваат и двата мрежни оператори, на целата територија на Македонија и резултатите од тие мерења ги објавува на веб страната на АЕК www.komuniciraj.mk. Во Правилникот се дефинирани мерните методологии кои ги запазуваат спецификациите на Европскиот институт за телекомуникациски стандарди (European Telecommunications Standards Institute-ETSI) дефинирани во стандардот ETSI TS 102 250. Вредно е да се напомене и дека мерната методологија која ја спроведува АЕК за LTE технологијата е прифатена од Европската канцеларија за комуникации (European Communications Office-ECC) и истата е официјализирана во документот ЕСС Report 256 (LTE Coverage Measurements) и претставува еден вид на водич кој дава насоки на европските регулатори за мерење на LTE.

Како потврда дека ваквата мерка која АЕК ја спроведе во пракса и даде резултати е и објавеното рангирање за квалитетот на мрежите во Европа на ниво на држави, од страна на порталот www.connect.de во рубриката Топ тема на 05/05/2020, каде што Македонија е позиционирана на високото второ место co 913 поени веднаш зад Холандија со 914 поени, а е пред Австрија (902) и Швајцарија (899). Најдобро рангирана држава после Македонија од земјите во регионот е Хрватска (872) на 12 место по која следи Србија (871) на 13 место. Рангирањето може да се преземе од https://www.connect.de/vergleich/mobilfunk-anbieter-vergleich-europa-laender-3200746-8739.html.

Охрабрена од високиот квалитет на услугите што македонските оператори ги обезбедуваат за своите корисници во споредба со останатите европски оператори, АЕК и во иднина ќе го следи развојот на технологиите и ќе поставува критериуми според кои корисниците на електронски комуникациски услуги во Македонија ќе добиваат квалитетни услуги.

Raportin e detajuar nga anketa e kryer në terren për opinionin publik të qytetarëve në lidhje me sigurinë kibernetike mund ta shkarkoni nga faqja e internetit MKD-CIRT në adresën https://mkd-cirt.mk.

АЕК

Njoftim