Врз основа на член 146 став (4) од Законот за електронски комуникации („Сл. Весник на РМ“, бр. 39/14, 188/14, 44/15 и 193/15), поради тоа што барањето на операторот предизвикува значителна измена на одобренијата за користење на радиофреквенции во копнена мобилна служба, Агенцијата за електронски комуникации објавува ЈАВНА РАСПРАВА за предложена измена на одобренија за користење на радиофреквенции во копнена мобилна служба.
Се повикуваат сите заинтересирани страни да ги достават своите мислења и забелешки по однос на јавната расправа најдоцна до 10.01.2017 година на следната адреса:
Agjencia e Komunikimeve Elektronike
Kej Dimitar Vlahov nr.21
1000 Shkup
или по електронски пат на следниве адреси:
Јавна расправа за предложена измена на одобренија за користење на радиофреквенции во копнена мобилна служба