Технолошкиот развој доведе до појава на нови сервиси кои се нудат преку интернет и нови бизнис модели. Појавата на интернет базирани сервиси кои што се наречени ОТТ (over-the-top) сервиси се значајни во развојот на информациските и комуникациските технологии, и се од големо значење за корисниците и бизнисот.
Агенцијата направи анализа со цел да се согледа применливоста на националната и европската правна рамка во однос на давателите на ОТТ услуги. Овој документ не претставува правен акт и не произведува никакви прави или обврски за операторите или било која страна.
Во рамките на оваа анализа користени се документи и анализи кои што се направени во рамките на БЕРЕК и секаде каде што е можно правена е споредба со локалните услови и националната правна рамка. Овој документ може да послужи како основа за дискусија за втората сесија на регулаторната конференција која ќе се одржи во Охрид во периодот 24-26 мај 2017- OTT services: challenges and safeguarding the net neutrality.
Анализа на применливоста на националната и европската правна рамка во однос на давателите на OTT услуги