Select Page

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) во согласност со нејзините надлежности, а согласно Законот за електронски комуникации („Службен весник на РМ” бр. 39/14, 188/14, 44/15, 193/15, 11/18 и 21/18), објавува јавна расправа за за регулаторна рамка за употреба на 1980 – 2010 MHz / 2170 – 2200 MHz од страна на избраните оператори (MSS – CGC). Документот произлегува од потребата за дополнување на регулаторната рамка односно усогласување со Одлуката на Европската Комисија (449/2009/EC) со која се доделува опсегот 2 GHz на две компании, оператори, за вршење на мобилни сателитски услуги, Mobile Satellite Services MSS.
Во опсегот 2 GHz се реализира мрежа од т.н. комплементарни земски компоненти, Complementary Ground Component (CGC) со цел обезбедуваање на мобилни сателитски услуги за авиони.
Подготовката на предложената регулаторна рамка е поради доставено писмо за пројавување интерес од страна на Inmarsat Ventures Limited (во понатамошниот текст “Инмарсат”), а се однесува на измена и дополнување на:
– Планот за доделување и користење на радиофреквенции во РМ,
– Правилник за начинот на пресметка на годишниот надоместок за користење на радиофреквенции
– Правилникот за формата и содржината и потребната документација што се доставува со барањето за издавање на одобрение за користење на радиофреквенции.

Лица за контакт: Јане Јакимовски jane.jakimovski@aec.mk
                         Лидија Пауновска lidija.paunovska@aec.mk


Јавна расправа за MSS CGC Инмарсат
Предлог измена на Правилник за форма и содржина на барање за издавање одобрение
Предлог измена на Правилник за пресметка на годишен надоместок за користење на РФ
Предлог измена на План за доделување и користење 2017
Одговори на коментари од оператори

Дополнителни информации:

Почеток на јавна расправа: 12/03/2018
Крај на јавна расправа: 12/04/2018
Адреса за достава на коментари и мислења: Агенција за електронски комуникации Кеј Димитар Влахов бр. 21 1000 Скопје или во електронски облик на следниве адреси за електронска пошта: contact@aec.mk