Të nderuar,
Денес на 26.03.2018 година, во Софија се одржува Конференција за предизвици во сајбербезбедноста. На Конференцијата активно учество ќе земе Директорот на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), г-н Сашо Димитријоски. Покрај Директорот на АЕК, на Конференцијата ќе присуствуваат уште и г-а Марија Габриел – Комесар за дигитална економија и општество на Европската Комисија, г-а Деспина Спаноу – Директор за дигитално општество, доверба и сајбербезбедност на ДГ КОНЕКТ, г-н Удо Хелмбрехт – Извршен директор на Ениса и г-н Луиџи Ребуфи – Генерален секретар на Организацијата за Европска сајбер безбедност.
Целта на Конференцијата е да се укаже дека сите сектори во општеството: Владата, националните ЦИРТ тимови, бизнисот, јавноста имаат своја улога во спроведувањето на сајбербезбедноста и безбедноста на интернетот. Ќе се разговара и за меѓународните аспекти на сајбербезбедноста и за глобалните прашања на политиката за безбедност во интернетот, ќе се разгледа можноста за проблемот на големи напади (например на политичко ниво).