Select Page
Агенцијата за електронски комуникации согласно член 13 од Законот за електронски комуникации (Сл. весник на РМ бр. 39/14, 188/14, 44/15, 193/15, 11/18 и 21/18), отвора јавна расправа по донесување на подзаконски акт -Правилник за  контрола и мерење на параметрите за квалитет на услуги  за интернет пристап преку јавни фиксни електронски комуникациски мрежи.
Се повикуваат сите заинтересирани субјекти да ги достават своите мислења и забелешки по јавната расправа најдоцна до 12.12.2018 година на следната адреса:
Agjencia e Komunikimeve Elektronike
Кеј Димитар Влахов бр. 21 
СКОПЈЕ
или по електронски пат на следниве адреси:
boris.arsov@aec.mk
zoran.aleksov@aec.mk 
Правилник за контрола и мерење параметри за квалитет на услуга за интернет пристап преку јавни фиксни електронски комуникациски мрежи

Дополнителни информации:

Почеток на јавна расправа: 12/11/2018
Крај на јавна расправа: 12/12/2018
Адреса за достава на коментари и мислења: Агенција за електронски комуникации Кеј Димитар Влахов бр. 21 1000 Скопје или во електронски облик на следниве адреси за електронска пошта: contact@aec.mk