На ден 20 Октомври 2011 Агенцијата за електронски комуникации потпиша меморандум за соработка со Агенцијата за цивилно воздухопловство со кој ја утврдија деловно – техничката соработка во врска со прашањата поврзани со делокругот на нивните надлежности и имплементацијата на Одредницата број 8 на Европската Унија за независноста на регулаторните тела и надзорните агенции во Република Македонија од другите органи и институции на власта, а посебно во областа на сигурноста и безбедноста на воздушниот сообраќај.