Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) и Електротехничкиот факултет, при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, на ден 30.01.2013 година во Скопје потпишаа Меморандум за соработка со кој се утврди рамката на реализација на соработката за работи од заеднички интерес, базирани на искористувањето на научно-стручните капацитети на двете институции во насока на унапредување на едукативните, истражувачките и апликативните активности од областа на електротехничките науки и електронските комуникации.
Меѓусебната соработка на страните ќе се реализира во различни домени од делокругот на нивната работа, а посебно внимание ќе се даде на развојно-истражувачки проекти; работа на апликативни проекти; консултативни активности и експертски услуги; едукативни активности; Взаемно информирање за настани од интерес на двете страни (предавања, семинари, одбрана на магистерски и докторски трудови); и размена на информации за членување во домашни и меѓународни професионални здруженија, учество, координација и заеднички настап во работата на истите.