Select Page
Врз основа на член 146 став (4) од Законот за електронски комуникации („Сл. Весник на РМ“, бр. 39/14, 188/14, 44/15 и 193/15), поради тоа што барањето на операторот предизвикува значителна измена на одобренијата за користење на радиофреквенции во копнена мобилна служба, Агенцијата за електронски комуникации објавува ЈАВНА РАСПРАВА за предложена измена на одобренија за користење на радиофреквенции во копнена мобилна служба.
Се повикуваат сите заинтересирани страни да ги достават своите мислења и забелешки по однос на јавната расправа најдоцна до 10.01.2017 година на следната адреса:
Agjencia e Komunikimeve Elektronike
Kej Dimitar Vlahov nr.21
1000 Shkup
или по електронски пат на следниве адреси: 

Јавна расправа за предложена измена на одобренија за користење на радиофреквенции во копнена мобилна служба

Дополнителни информации:

Почеток на јавна расправа: 07/12/2016
Крај на јавна расправа: 10/01/2017
Адреса за достава на коментари и мислења: Агенција за електронски комуникации Кеј Димитар Влахов бр. 21 1000 Скопје или во електронски облик на следниве адреси за електронска пошта: jane.jakimovski@aec.mk и
igor.bojadjiev@aec.mk