Select Page

20120813: Јавен тендер за DVB-T

Врз основа  на Одлуката за за распишување на јавен тендер за доделување на одобрение за користење на радиофреквенции од радиофреквенцискиот опсег 470-790 MHz ,  број 02-2954/1 од 07.08.2012 година, Агенцијата за електронски комуникации, објавува ЈАВЕН ТЕНДЕР  БР. 02-2954/2
Предмет на јавниот тендер е доделување на едно одобрение за користење на радиофреквенции од радиофреквенцискиот опсег 470-790 MHz. за 2 (два) мултиплекса за изградба на дигитален терестријален систем за емитување на програмските сервиси на радиодифузерите кои од Советот за радиодифузија имаат добиено дозвола за емитување преку дигитален терестријален мултиплекс на државно ниво ( територија на Република Македонија)  и на регионално ниво (во зона на распределба-алотмент зона).

icon 20120813_Јавен тендер за DVB-T (86.5 kB 2012-08-13)

icon 21020813_Тендерска документација за Јавен тендер за радиофреквенции од опсегот 470-790 MHz (470.49 kB 2012-08-13)

icon 20120813 Tender Documentation DVB-T RF spectrum 470-790 MHz EN (459.53 kB 2012-08-24)

 


 

Генерално одобрение за користење на радиофреквенции во радиодифузна служба за DVB-T за Космофон (01.11.2009)

Агенцијата за електронски комуникации, по спроведената постапка на јавен тендер, на 04.06.2009 година издаде одобрение за користење на радиофреквенции во радиодифузна служба за DVB-T.  Со издавањето на ова одобрение започна периодот на „simulcast“ односно истовремена работа на аналогната и дигитална терестријална телевизија.
Во октомври 2009 извршен е трансфер на правото за користење на радиофреквенции од КОСМОФОН Услуги на мобилна телефонија АД Скопје на нова фирма –ќерка на Телеком Словенија ДИГИ ПЛУС МУЛТИМЕДИА Друштво за телекомуникациски услуги ДООЕЛ Скопје.

Oдобрение за користење на радиофреквенции во радиодифузна служба за DVB-T – Космофон


План за распределба на ТВ канали за дигитална телевизија (12.05.2009)

icon План за распределба на ТВ канали за дигитална телевизија – 12.05.2009 (1.72 MB)