Select Page

Агенцијата за електронски комуникации на Република Македонија објавува 

ЈАВЕН ПОВИК


За изјавување на интерес за доделување на радиофреквенции од радиофреквенцискиот опсег 470 -790 MHz за оператор на дигитален терестријален систем. 
Операторот на дигиталниот терестријален систем треба да започне со работа од 01.06.2013 година. Со започнувањето со работа, операторот ќе има обврска да ги емитува програмските сервиси на телевизиските радиодифузери кои ќе добиат дозвола за телевизиско емитување преку дигитален терстријален мултиплекс во Република Македонија., почитувајќи ги принципите на објективност транспарентност,  пропорционалност и недискриминација.


Изјавата за интерeс се доставува во писмена форма и истата особено треба да содржи:
–          број на мултиплекси за кои се заинтересирани,
–          кој стандард DVB-T или DVB-T2
–          заинтерсираност за обезбедување на  DVB-H
–          заинтересираност за емитување во HD-TV; и
–          други информации и мислења за кои сметаат дека треба Агенцијата да биде информирана.

Се повикуваат сите заинтересирани домашни и странски правни лица во рок од 30 дена од денот на објавувањето на Јавниот повик  да ги достават изjaвите за интерес.

Изјавата се доставуваат на адреса:
Agjencia e Komunikimeve Elektronike
Ул. Димитрие Чупоски бр.13
Скопје
или на e-mail: jane.jakimovski@aec.mk