Агенцијата за електронски комуникации согласно член 13 од Законот за електронски комуникации (Сл. весник на РМ бр. 39/14, 188/14, 44/15, 193/15, 11/18 и 21/18), отвора јавна расправа по донесување на подзаконски акт -Правилник за контрола и мерење на параметрите за квалитет на услуги за интернет пристап преку јавни фиксни електронски комуникациски мрежи.
Се повикуваат сите заинтересирани субјекти да ги достават своите мислења и забелешки по јавната расправа најдоцна до 12.12.2018 година на следната адреса:
Agjencia e Komunikimeve ElektronikeКеј Димитар Влахов бр. 21
СКОПЈЕ
или по електронски пат на следниве адреси:
boris.arsov@aec.mk
zoran.aleksov@aec.mk
Правилник за контрола и мерење параметри за квалитет на услуга за интернет пристап преку јавни фиксни електронски комуникациски мрежи