Врз основа на членовите 11 и 12 од Законот за електронските комуникации („Службен весник на Република Македонија“ број 13/2005, 14/2007 и 55/2007), Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 7 октомври 2008 година, донесе
ОДЛУКА
ЗА ИМЕНУВАЊЕ НА ЧЛЕНОВИ НА КОМИСИЈАТА
ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ
1. За членови на Комисијата за електронски комуникации, се именуваат:
– Петар Есмеров, дипломиран економист од Скопје и
– Славе Веловски, дипломиран економист од Скопје.
2. Мандатот на членовите од точката 1 на оваа одлука е пет години.
3. Со денот на влегување во сила на ова одлука им престанува мандатот на членовите Лилјана Митевска и Тони Јаневски.
4. Оваа одлука влегува во сила со денот на донесување, а ќе се објави во „Службен весник на Република Македонија“