1. Што е ‘Која е твојата апликација’
‘Која е твојата апликација’ е натпревар за изработка на апликации за трите најпопуларни оперативни системи за мобилни телефони, односно: Android, iOS и Windows Phone. Натпреварот е организиран од страна на АЕК со цел младите и амбициозни програмери да ја покажат својата креативност и талент, а со тоа и да го надоградат своето знаење. Целта на натпреварот е да се поттикне развојот на новите технологии на пазарот, како и да се поттикне користење на широкопојасен интернет.
2. Награди
Иако самото учество во овој натпревар е огромен поттик само по себе, АЕК за да го зголеми предизвикот обезбедува награди за тројцата најдобри, односно трите најдобри апликации.
3. Правила за учество.
3.а) На натпреварот има право да учествува секој полнолетен граѓанин на Република Македонија.
3.б) Пријавување најдоцна до 25.01.2013 на електронската пошта apliciraj@aec.mk
3.б.1) Лични податоци на натпреварувачот. Доколку учествува тим од повеќе членови, лични податоци од целиот тим. Доколку учествува тим, да се назначи носител на проектот (со цел полесна комуникација)
3.б.2) Наслов на проектот.
3.б.3) Поширок опис на апликацијата, а притоа да бидат вклучени сите можни нејзини функционалности.
3.б.4) Која е уникатноста на апликацијата и нејзината предност во однос на веќе постоечките на пазарот.
3.б.5) Од 4 до 6 ‘screenshots’ (кадар на екранот).
3.в) Сите учесници и нивните приложени апликации ќе бидат прегледани од стручно жири и притоа ќе бидат третирани еднакво.
3.г) Сите учесници имаат право да пријават неограничен број на апликации.
3.д) Апликацијата треба да е компатабилна со следниве оперативни системи: Android 2.3+, iOS 4+, Windows Phone 7+
3.ѓ) Не е неопходно учесничките апликации да бидат нови и необјавени.
4. Сумирање на резултатите.
4.a) Апликациите ќе бидат оценувани според:
4.a.1) Уникатност на идејата.
4.а.2) Визуелен впечаток и графички дизајн на апликацијата.
4.а.3) Перформанси и компатибилност на апликацијата.
4.а.4) Имплементираност со социјалните мрежи (Facebook, Youtube, Twitter…)
4.a.5) Искористување на можностите и потенцијалнот на оперативните системи (Android, iOS, Windows mobile).
5. Начин на работа на одговорните лица за оценување.
5.а) Четири члена комисија избрана од страна на АЕК, врз основ на горенаведените критериуми ќе одлучува кои 10 апликации ќе бидат дел од финалето.
5.б) Десетте финалисти ќе имаат можност да ги презентираат своите апликации пред комисијата која што земајќи ја предвид и самата презентација ќе ги обелодени трите победници.
5.в) Прогласувањето на победниците и доделувањето на наградите и сертификатите за сите учесници ќе биде дополнително објавено, по завршувањето на рокот за аплицирање.
6. Како наградуваме?
6.а) Една единствена апликација може да биде наградена само еднаш, независно колку луѓе учествувале во нејзиното создавање.
6.б) Тие кои што ќе успеат да влезат во финалето, за тоа ќе бидат известени преку електронска пошта (e-mail) и телефонски.
6 в) Награден фонд:
Тројцата победници ќе добијат вредносни ваучери, наменети за набавка на ИТ опрема
1 место: ваучер во износ од 500 еур.
2 место: ваучер во износ од 400 еур.
3 место: ваучер во износ од 300 еур.
7. Права и обврски.
7.а) Секој учесник во натпреварот си ги задржува авторските права на испратените апликации до Агенцијата за Електронски Комуникации (АЕК).
7.б) Трите победнички апликации, ќе бидат соодветно промовирани од страна на Агенцијата за електронски комуникации во медиумите.
АЕК не одговара за можните грешки во овој оглас и го задржува правото по потреба да ги измени условите за учество за времетраењето на овој натпревар, но се обврзува дека учесниците навремено ќе ги извести.