Select Page

Врз основа на член 105 од Законот за електронските комуникации  (Сл. Весник на Република Македонија бр.13/2005, 14/2007, 55/2007, 98/2008, 83/2010, 13/2012 и 59/2012) во кој во став 1 стои дека:

Агенцијата пред да донесе или измени одлуки или други подзаконски акти од своја надлежност, а кои значително влијаат на релевантниот пазар на електронски комуникации, како и пред да ја донесе годишната програма за работа за наредната година, е должна на својата веб страница јавно да ја објави предложената одлука или подзаконскиот акт, односно предложената годишна програма за работа за наредната година, со цел да обезбеди јавна расправа со која ќе им се овозможи на сите заинтересирани страни да ги изразат своите мислења, гледишта и ставови во однос на истите.

Агенцијата за електронски комуникации на 26.10.2012 година ја става на јавна расправа Предлог на Годишната програма за работа за 2013 година која е составена од Предлог на Програма за работа на Агенцијата за електронски комуникации за 2013 година и Предлог на Финансиски план на Агенцијата за електронски комуникации за 2013 година.
Сите заинтересирани страни можат да ги изразат своите мислења, гледишта и ставови најдоцна до 26.11.2012 година на адреса:


Предлог на Програма за работа на АЕК за 2013 година
Предлог на Годишен финансиски план за 2013

Дополнителни информации:

Почеток на јавна расправа: 26/10/2012
Крај на јавна расправа: 26/11/2012
Адреса за достава на коментари и мислења: Agjencia e Komunikimeve Elektronike
Димитрие Чуповски бр.13, 1000 Скопје,
или на електронска пошта:

contact@aec.mk

Поврзани вести:

More posts: 2013 Agjencia e Komunikimeve Elektronike предлог програма