На 05.02.2020 година Агенцијата за електронски комуникации објави Јавен повик за добивање на мислење од заинтересирани страни во врска со издавање на одобренија за користење на радиофреквенции за 5Г, со рок на достава на мислења и забелешки најдоцна до 06.03.2020 година. На 11.02.2020 година Македонски Телеком достави барање за продолжување на рокот за достава на мислење и забелешки до 15.04.2020 година, а А1 Македонија достави барање за продолжување на рокот за достава на мислење и забелешки до 20.04.2020 година.
Земајќи ја во предвид важноста за успешна имплементација на 5Г во Македонија, Агенцијата за електронски комуникации го продолжува рокот за достава на мислења и забелешки најдоцна до 20.04.2020 година.