Select Page

Во правец на заштита на крајниот корисник, Агенцијата за електронски комуникации изработи софтвер за „Преглед на понуди“, кој ќе биде поставен на новата веб страна наменета за крајни корисници www.komuniciraj.mk
Целта на услугата „Преглед на понуди“ е да им се даде можност на граѓаните на РМ, со помош на унифицирани параметри и цени, на едно место, да го изберат пакетот на услуги од постоечките оператори, според средствата кои што ги имаат на расплагање.
Софтверот е многу едноставен и лесен за користење, со внесување на неколку податоци, како избор на оператор, износ кој би сакале да го плаќате на крајот од месецот и сл., самиот софтвер Ви дава одговор кој оператор, ја има најдобрата понуда за Вас.
Место:  – Хотел „Холидеј ин“ Скопје – Дневна сала
Дата: 19.10.2011 (среда)
Времетраење: 11:00ч -12:00ч

Учесници:

  • Директор на АЕК г. Роберт Орданоски
  • Шеф на кабинет  г. Владимир Ристевски
  • Раководител на Служба за информатика г. Александар Ацев
  • Останати официјални претставници на АЕК
  • Официјални претставници од: оператори на фиксна и мобилна телефонија,  кабелски оператори, интернет провајдери
  • Останати гости и соработници на АЕК (МАСИТ, Организација на потрошувачите на РМ итн)
  • Електронски и печатени медиуми

11.40ч – 12:00ч Се покануваат сите присутни на да го тестираат функционирањето на софтверот „Преглед на понуди“, а потоа и на коктел во фоајето.
Веднаш по промовирањето на услугата „Преглед на Понуди“, веб страната www.komuniciraj.mk ќе биде пуштена во функција.