За користење на радио и телекомуникациска терминалана опрема, Агенцијата соработува со надлежните институции одговорни за увоз и употреба на РТТЕ опрема, Министерството за транспорт и врски и Министерството за економија.
Согласно член 76 став 3 од Законот за електронски комуникации и Правилникот за радиоопрема и телекомуникациска терминална опрема, Агенцијата има надлежност да издаде мислење само за онаа радио опрема која се става во употреба и која користи фреквенциски опсези, чија употреба не е усогласена на целокупната територија на Европската Унија. За таа цел, производителот или неговиот овластен застапник или пак лицето одговорно за пуштање на ваквата опрема на пазар и употреба, поднесува Пријава до Агенцијата за електронски комуникации за да ја пријави својата намера за пуштање на опремата во употреба. Ако мислењето на Агенцијата е позитивно, се продолжува со процедурата до надлежните институции согласно Правилникот за радио и телекомуникациска терминална опрема.
Правилникот за радиоопрема и телекомуникациска терминална опрема (1.3 MB 2011-01-27)
Пријава за пуштање во употреба на радио опрема (15.16 kB 2011-01-27)