Select Page

Почитувани корисници,
 
Агенцијата за електронски комуникации ве известува дека Вип оператор и Оне доставија до нас известување во врска со претплатничките договори кои ќе се склучуваат со корисниците после 01.10.2015 година како и третманот на постојните и идните корисници на ОНЕ.ВИП ДОО Скопје.
 
Во таа насока Агенцијата за електронски комуникации ве известува дека постојните корисници на ВИП Оператор и ОНЕ:
 
а) Ќе продолжат да ги користат комуникациските услуги без никакви промени, односно за нив нема да се променат условите за користење и соодветно ќе продолжат да важат и да се применуваат веќе склучените претплатнички договори со сегашните корисници на ВИП Оператор и на ОНЕ без потреба од потпишување на било какви дополнителни документи.
 
б) Соодветно, веќе воспоставениот претплатнички однос ќе продолжи да се применува помеѓу корисникот и новоформираната компанија оне.Вип ДОО Скопје, која од 01.10.2015 па натаму ќе настапува како оператор за обезбедување електронски комуникациски услуги за корисникот и ќе ги издава и доставува сите месечни сметки за користените услуги и ќе ги решава приговорите добиени од корисниците.
 
в) Начинот на наплата на услугите и цените за користење на сите услуги остануваат целосно непроменети, односно исти како и досега, согласно избраниот тарифен модел или тарифа, при што корисникот ќе продолжи да ги користи услугите преку истата корисничка опрема која и сега е во негово владение (СИМ картичка или другa опрема дадена на користење).
 
Новите корисници кои од 01.10.2015 година ќе сакаат да станат претплатници на ОНЕ.ВИП ДОО Скопје ќе можат да изберат тарифен модел или од понудата на VIP тарифи или од понудата на ONE тарифи.
 
 
Со почит
Agjencia e Komunikimeve Elektronike
Скопје, 25.09.2015 година