Агенцијата за електронски комуникации Ве поканува на состанок на 28.07.2022 година (четврток) со почеток во 10:00 часот.
На состанокот ќе бидат разгледани коментарите по предлог-Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот на изградба на јавните електронски комуникациски мрежи и придружни средства што беа добиени од операторите во текот на јавната расправа што беше објавена на 22.06.2022 година и траеше до 21.07.2022 година.
Состанокот ќе се одржи во салата за состаноци на VI кат во АЕК на адреса Кеј Димитар Влахов бр. 21 Скопје.
Ве молиме да ги почитувате протоколите за заштита од Ковид-19.