Select Page
Агенцијата за електронски комуникации Ве поканува на состанок во врска со отворената јавна расправа по објавената Намера да распише Јавен тендер за избор на еден или повеќе даватели на универзална услуга во согласност со член 97 став 3) од Законот за електронските комуникации („Службен весник на РМ“, број 39/2014, 188/2014, 44/2015 и 193/2015). Состанокот ќе се одржи во среда, 24.08.2016 година во 11 часот во просториите на АЕК или поточно во салата на 6-ти кат.


Почеток во: 11:00 часот
Датум на одржување : 24/08/2016
Локација на состанокот : Агенција за електронски комуникации, сала на 6-ти кат, Кеј Димитар Влахов бр.21 1000 Скопје Македонија