Select Page

23.12.2014, Скопје. Во просториите на Агенцијата за електронски комуникации се одржа вториот јавен состанок за 2014 година. Главни теми на состанокот беа состојбата на пазарот за електронски комуникации, промена во регулативата на АЕК и предизвиците во планирањето на радиофреквенциите.
Состанокот го отвори директорот на АЕК, Г-дин Роберт Орданоски кој одржа поздравен говор пред присутните по што следуваа презентациите на Александар Коцевски – Самостоен стручен соработник во Секторот за Анализа на пазарите во АЕК, Бојана Стефановска – Раководител на Секторот за правни работи во АЕК и Лидија Пауновска – Раководител на одделението зарадиодифузна и сателитска служба во АЕК. По завршувањето на секоја од презентациите, на операторите и на другите заинтересирани страни  им се овозможи да земат активно да партиципираат во креирањето на идните планови на Агенцијата преку учество во панел дискусиите.
Состанокот го затвори Директорот на АЕК посакувајки им на сите присутни среќни новогодишни празници и многу срека и успех и понатамошна соработка во 2015год.