Select Page

Во согласност со Член 10 став (4) од Законот за електронски комуникации Агенцијата ја објавува финалната Одлука за утврдување на максималните цени на услугите во роаминг во јавни мобилни комуникациски мрежи во регионот на Западен Балкан. Во согласност со Член 13 од Законот за електронски комуникации нацрт верзијата на Одлуката беше објавена на веб страната на АЕК на 23 Мај со цел сите заинтересирани страни да достават коментари и мислења по предлог Одлуката. Во предвидениот рок беа добеиени коментари од Македонски Телеком АД Скопје и оне.Вип ДООЕЛ Скопје. Во прилог ги објавуваме доставените коментари како и ставот на Агенцијата по истите.

Одлука за утврдување на максималните цени на услугите во роаминг во јавни мобилни комуникациски мрежи во регионот на Западен Балкан

Коментари на Македонски Телеком АД Скопје на Нацрт Одлуката на АЕК за утврдување на максималните цени на услугите во роаминг во јавни мобилни комуникациски мрежи

Коментари на оне.Вип во однос на Предлог-Одлуката за утврдување на максималните цени на услугите во роаминг во јавни мобилни комуникациски мрежи објавена на јавна расправа



Важечки пропис: 1