Select Page

Të nderuar,
АЕК отпочнува јавна расправа по Правилник за видот и содржината на податоците и информациите за општите услови во однос на пристапот и користењето на јавните комуникациски услуги кои ги објавуваат операторите и за видот и содржината на податоците што ќе ги објавува Агенцијата за електронски комуникации. Јавната расправа ќе трае заклучно со 05.12.2014 год.Се повикуваат сите заинтересирани субјекти да ги достават своите мислења и забелешки во јавната расправа најдоцна до 05.12.2014 год. на следната адреса:
Agjencia e Komunikimeve Elektronike
Kej Dimitar Vlahov nr.21
1000 Shkup

или по електронски пат на vasil.gjatovski@aec.mk

Дополнување на 05.12.2014 година:

Се информираат сите заинтересирани страни дека рокот за отворената јавна расправа за Правилник за видот и содржината на податоците и информациите за општите услови во однос на пристапот и користењето на јавните комуникациски услуги кои ги објавуваат операторите и за видот и содржината на податоците што ќе ги објавува Агенцијата за електронски комуникации се продолжува за дополнителни седум дена, до 12.12.2014 година. Агенцијата излезе во пресрет на барањата на заинтересираните страни, во очекување на конструктивни и квалитетни коментари за предложениот подзаконски акт.


20141105_Nacrt_Pravilnik_za_Opsti_Uslovi.docx

Дополнителни информации:

Почеток на јавна расправа: 05/11/2014
Крај на јавна расправа: 12/12/2014
Адреса за достава на коментари и мислења: Агенција за електронски комуникации Кеј Димитар Влахов бр. 21 1000 Скопје или во електронски облик на следниве адреси за електронска пошта: vasil.gjatovski@aec.mk