Претставници на АЕК учествуваа на 17тата Меѓународна конференција организирана од страна на ITU и Црногоското регулаторно тело “Agencija za elektronske komunikacije i poštansku djelatnost” со наслов Идна Регулатива за Инклузивна поврзност, која се одржa во рамките на Фестивалот за информатички технологии ИнфоФест во Будва, Република Црна Гора, од 30ти Септември до 1ви Октомври. На конференцијата заедничка презентација имаа колегите Зоран Алексов и Борис Арсов со наслов “Повеќеслојно мапирање на ТК инфраструктура во Македонија“. Презентацијата ги претстави досегашните имплементирани решенија во Агенцијата поврзано со ТК инфраструктура преку Единствената Точка за Информации (ЕТИ) и WEB GIS колекторот, меѓу кои и мапирањето на ТК инфраструктури на сите Оператори и Институции во Македонија кои имаат односно располагаат со Телекомуникациска инфраструктура. Исто така беа презентирани и идните активности на Агенцијата поврзани со проширување на функционалностите на ЕТИ во насока на потикнување на техничко технолошкиот развој на ТК инфраструктурата на компаниите и институциите во државата.